Skip to main content

Белимова: Со само 7 месеци раководење на секторот МВР од министерот Тошковски, наспроти 6,5 годишното владеење на СДСМ, разликата е милион  светлосни години!

Принтскрин

Во овој случај на поднесена интерпелација нема никаква потреба од грлато објаснување и докажување на исправност или неисправност, успешност или неуспешност, вина или непостоење вина. За цела среќа што барем во овој сектор лесно е докажливо сето наброено, транспарентно прикажано и статистички поткрепено, рече пратеничката Даниела Белимова од ЗНАМ во своето обраќање на Седницата за интерпелација на Министерот Тошковски.

Имено, доколку ја отвориме  Збирната анализа за вкупен криминалитет 2010 – 2024 и направиме увид во само неколку сектори кои се прикажани во истата, ќе го добиеме одговорот од професионална гледна точка колку министерот Тошковски е спремен, совесен и посветен или колку не е. Значи потенцирам, од професионална гледна точка, бидејќи податоците кои се неутрално обработувани од службите во Министерството ја даваат прецизната слика за неговата подобност. А доколку дискутираме од политичка појдовна основа, тогаш може да дискутираме, да се надмудруваме и да се препираме врз основа на лични ставови, заговори и припадности по различни основи.

Но нели, нас, особено во овој период на системски разор, повеќе од било кога ни е потреба професионалност во водењето на процесите, наспроти лични симпатии, политичка или етничка припадност.

Доколку ја разгледаме споменатата Збирна анализа, се доаѓа до следните точни и прецизни изведени податоци, кои повторувам, не се резлутат на партиски анкети или анализи, туку од работата на постојаната стручна служба во Министерството. Па така од вкупно 19 обработени сектори, 16 ни беа предмет на анализа. Методолошки ја земавме само последната година на целосно владеење на претходната гарнитура, 2023, со единствена цел дека треба да се има постигнато најголеми резултати после 6,5 години владеење. А како компратива наспроти 6,5 годишното владеење на СДСМ, ја земавме 2024 година, со само 7 месеци раководење на секторот МВР од министерот Тошковски. Како предмет на оваа статистичка анализа е градот Скопје, како град со најголем број на општини и жители, па со тоа и со најголем број на стапки на криминалитет.

 Од 16те анализирани сектори само шест се во благ пораст на регистрирани кривични дела, и тоа пак ќе повторам во рок од 7 месечно до тогаш владеење на министерот. Останите 10 се во линија на опаѓање на крминалитетот на територија на град Скопје.

Во 2023 година регистрирани се вкупно 8.967 кривични дела, а во 2024- 7.981.

Кривично дело тешка кражба во 2023 изнесувало 3.888, во 2024 -3.217.

Состојби во областа на крвните деликти во 2023 биле 23, а во 2024 -20                                         

Во 2023 кривични дела извршени од деца се 215, додека во 2024- 163.

Кривични дела убиство, во 2023 имало 9, додека во 2024- 7.

Сексуални деликти во 2023 биле 33, а во 2024- 31.

Бројот на прекшоци, сторители и жртви на семејно насилство во 2023 изнесувал 53, а во 2024 29.

Сообраќајни незгоди со загинати лица во 2023 имало 36, додека во 2024- 26. 

Да не го оптеретувам просторот со понатамошните изведени бројки, доволно е да се добие големата слика за неуморната борба за справување со систем кој тонел со години претходно, и иако бавно, но сепак бележи бројки со кои се влева доверба дека заспаните општествени структури, почнуваат полека да се будат од сонот и да се соочуваат со нивната основна функција на постоење, функционирање во насока на заштита на поредокот и граѓаните. И тоа само во неколку месечно владеење со институцијата. Од сето наведено, нема потреба да употребуваме било какви фрази на супералтиви за   успешност, или пак деминутиви за неуспешност, самите резултати изведени од акции, а преточени во бројки, говорат за покриеноста на територијата во однос на безбедноста и борбата со криминалот.

Ако некој и после 6,5 годишно владеење покажал поразителни резлутати во насока на раст на девијантните дела, дали треба да линчуваме некој кој во неколку месечно владеење покажува резлутати во нагорна линија на намалување на истите. Да не се создава нереална слика на вина на министерот, поради сите тажни и никогаш надоместливи несреќи, како негов продукт на функционирање. Тие се 34 годишен продукт на нефункционирање. И конечно треба да се стави крај на тоа, но не преку нефункционални алатки за нереално обвинување на министерот, туку преку заедничка посветеност на тој процес. Преку помош од сите инстутционални надлежни субјекти, преку заедничко создавање на легислативни алатки за побргу доаѓање до решенија, како и преку заедничко согледување на реалноста сега и претходно.

Најеклатантен пример за оперативна институционална соработка, а и покрај одредени несогласувања и препирки во минатото, е потпишувањето на нов Протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство. Ваквиот гест на пред се, професионалност, а понатаму и на човечност, е  тоа што недостасува во секоја една системска клетка, бидејќи кога се има желба и мотив од искрени намери, не постојат бариери помеѓу субјектите од кои во даден момент, зависи остварување на правдата, поставувањето основи за нови општествени навики и свесност, а со тоа и втемелување на сигурна иднина за сите нас. Посветеноста за засилување на меѓуинституционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка, вродува со плод. Со самиот факт што во тек е истрага против вкупно 45 физички и три правни лица, говори за масовна истрага за краток временски период, во добро организирани услови и операционализирана постапка. Дали е то случај со несреќите во Ласкарци и Беса Транс? Дали е тоа случај и со модуларната болница во Тетово? Години потоа никој не беше изведен пред судот на правдата, уште помалку осуден. Освен секако, оние кои беа најмалку виновни, возачи, технички лица и замислете, доктори. Докторите кои беа тивките неуморни херои во борбата со Ковид 19, докторите кои го добија најмасовниот аплауз од народот во спасувачката акција на младите лица во пожарот во Кочани! Доктор осуден за пожар?!?! И тоа поради кабел при реанимација на пациент?!?! Не оние кои ја набавиле опремата, не оние кои ја доставиле, не оние кои потпишале за нејзина исправност, туку доктор кој деноноќно бдеел над своите пациенти. Е па извинете почитувани колеги од опозицијата, разликата е милион  светлосни години!

Поврзани вести