Skip to main content

Бегалецот Перпарим Бајрами и советникот на Груби, Омер Буњаку отстранети од Надзорен на Државна видео лотарија

Бегалецот Пеприм Бајрами и Омер Буњаку кој беше советник на Артан Груби се отстранети од Надзорниот одбор на Нова Државна Видео Лотарија, објави „4news.mk“.

Повеќе промени во работењето на Друштвото за организирање електронски игри на среќа – Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје.

Со решение од 28 јули 2025 година, од Надзорниот одбор се избришани имињата на Омер Буњаку – поранешен советник на првиот вицепремиер Артан Груби, и Пеприм Бајрами, кој е во бегство од 2024 година.

На нивно место, во Надзорниот одбор се назначени нови членови – Стање Младенова, Наѓица Антоновска и Александар Андонов, сите со дипломи по право.

Според решението од 28 јули, извршена е промена на седиштето на компанијата, како и ажурирање на податоците за основачот – „Друштво за услуги ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје“.

Овие промени следат по одлуките донесени на 15 јули 2025 година, а со нив компанијата ја ажурира својата структура и управувачки кадар.

За Прпарим Бајрами и Артан Груби се распишани меѓународни потерници.

Поврзани вести