
Со емотивни и трогателни статуси познатите се простуваат од жртвите кои загинаа во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ кој се случи во неделата рано наутро и во кој загинаа 59 луѓе.
Фолк – пејачот Спасен Силјановски обајви фотографија од внатрешноста на изгорената дискотека во Кочани, каде што се е пеплосано.

Оваа слика е огледало на државата. Оваа слика е одраз на мито, корупција, криминал, саможивност, бездушност, нечовечност…Нам не ни треба непријател се додека живееме во ваков корумпиран систем, се испоубивме самите за проклети пари, напиша Спасен.
А по таа објави му посвети емотивни зборови на Андреј од дуото ДНК кој исто така со уште шестмина колеги од бендот го загуби животот.
Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувај ми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе….Јас му одговарам: Абе брат шо бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик, а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме…Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој, напиша Спасен и објави видео од моментот кога Андреј запеа среде кафеана.