
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чија одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и национални интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Нагласува дека ќе продолжат да работат за иднината и напредокот.
F

Македонски


