Skip to main content

Американска aмбасада: Правилно користете ја визата за престој во САД, не постои нешто како „ненамерна грешка“

Фејсбук профил на Американската амбасада во Скопје

Американската амбасада во земјава на својата Фејсбук страница објави апел до граѓаните кои што поседуваат американска виза, со цел нејзино правилно користење.

Оттаму наведуваат дека ако се престојува подолго отколку што е пропишано на самата виза, лицата може да се соочат со трајна забрана за патување во САД.

Ако престојувате подолго отколку што е пропишано на вашата американска виза, може да се соочите со трајна забрана за патување во Соединетите Држави. Конзуларните службеници имаат целосен пристап до вашата историја на имиграција и ќе знаат за прекршувањата од минатото. Не постои такво нешто како „ненамерна грешка“ – ваша одговорност е правилно да ја користите вашата виза, стои во објавата на Aмериканската aмбасада.

Поврзани вести