Skip to main content
CIW8K4b9fLY

Ах, мори, Цецо!

Вака така ДУИ ќе може да собере цел фудбалски тим во затворот Идризово. Со најновите апсења за пожарот во Кочани, партијата од Мала Речица постојано го зголемува бројот на потенцијални станари во најголемиот затвор во Македонија.

Штета што во нивно време не го реновираа, ќе им се најдеше. Не оди Крешник, Сарачини, Дритон Кучи, Беким Незири да лежат во лоши услови. Уште пак ако од привремена работа од Албанија се врати и Артан Груби, тоа веќе е ВИП Екипа.

Трагедијата во Кочани ни покажа колкав извор на корупција е ДУИ која беше на власт повеќе од 20 години . Те со ВМРО те со СДСМ. Само ДУИ беше сигурнен фикс. Најомилелно министерство им беше она за економија, сега гледаме и зошто, е коментарот на авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Ова министерство било омилено поради сите дозволи кои треба да се добијат, а за кои одлучувале министрите на ДУИ.

И тука нема националност, етничка или партиска припадност, тоа се вика едноставно корупција.Да, корупција. Затоа наивно звучат соопштенијата на ДУИ дека албанскиот народ бил под напад од институциите во државатаДури и против Албанците била прогласена еднострана и неправедна агресија, Ова не било правда туку одмазда врз Албанците..

Човек да не ги знае ,ќе помисли дека се работи за некоја партија од Шведска или Норвешка а не од Мала Речица со експозитура во Чаир.

Ајде да видиме дали тоа е така.

Со последните апсења бројот на осомничени се искачи на 57. Меѓу нив има актуелен министер, поранешни министри, актуелни и поранешни градоначалници, директори, сопственикот на дискотеката, сопственикот на агенцијата за обезбедување, началници, па дури и амбасадори.

Иако е тотално небитно, од овие приведени најголем дел се Македонци иако повторувам, во овој случај не постојат Албанци, Македонци, Роми. Постојат граѓани на оваа држава кои се сомничат за корупција и криминал. Конечната одлука се разбира дека ќе ја донесе судот а не јавноста.

Туку да прашам, колку имаше приведени за модуларната во Тетово кога власта и на локално и на државно ја имаше ДУИ. Нула. Значи не е исто.

Затоа на ДУИ ќе му биде подобро да молчи, идат локални а можеби и предвремени парламентарни избори. Ќе останат без кадар. Уште ако се јават и од Хаг, маф ќе им биде работата.

Името Цеца кај поголем дел од Македонците побудува возбуда. Веднаш помислуваме на пејачата од село Житораѓа која имаше среќа или несреќа да биде сопруга на Аркан.

Е таа Цеца исто како нашата од Штип обожува часовници и тоа луксузни. Разликата е што само што онаа од Србија не ги голта, часовниците де, туку ги носи на рака.

А оваа нашата Цеца, која слободно се шета низ затворот во Штип да ти јадела часовници па морало еден затвореник и неколкумина полицајци да го бараат по темницата. Часовникот не го најдоа, можеби Цеца само го префрлила на сигурна локација. Ова ви звучи како сцена од К-15 или од филмот Шоуто на Труман?

Не, ова е вистински настан во нашата чудесна Македонија, поточно во затворите кои се извор на корупција и каде е најлесно да дојдеш до дрога или мобилен телефон.

Туку и од ова има бетер, во времето на СДСМ и ДУИ кога сакаа си излегуваа и влегуваа од затворите .За некого беа хотел а за некого црни зандани. Кој како ќе си ја нареди, односно колку пари ќе даде.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ слободно може да почне да ја пишува книгата за тоа како ја победи Шарената револуција. Над 150.000 луѓе му дадоа поддршка на собирот во Белград.

И додека Вучиќ беше со народот, шарените револуционери избегаа со точаци во Стразбур.

Каков крај , каков тажен крај, навистина нема правда нема мир. Туку нашиве револуцинери на батерии живи се, или тие фатија џаде со нивните српски ментори.

Поврзани вести