Skip to main content

Потврдени 43 случаи на западнонилска треска: Први случаи во Центар и Чаир, регистриран и заразен гавран

Вкупно 43 случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, информираше денеска министерот за здравство.

Од нив 40 се дефинитивно потврдени додека кај три случаи потврда има со еден тест.

Бележиме први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Започна контролата и на птици. Имаме мртва птица со потврдена западнонилска треска во Скопје, гавран – истакна Клековски.

Министерот додаде дека во скопскиот регион има 34 ризични подрачја, од кои 13 се високоризични.

Застоеност на вода и високо ниво на органска материја се двата критериуми за ризични подрачја.