
Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Народниот Театар во Битола ќе биде изведена претставата „Жиголо“
Автор: Игор Кузмановски
Режисер и костимограф: Благој Мицевски
Драматург: Оливера Павловиќ
Автор на музиката: Марјан Неќак
Сценограф: Сергеј Светозарев
Дизајнер на видео: Владимир Переловски
Светло-мајстор: Игор Мицевски
Тон-мајстор: Николче Терзиевски
Автор на плакатот и видео камера: Сашо Илковски
монтажа на видео: марјан георгиевски
Реквизитер: Спасе Петрушевски
Шминка: Стефанија Илиевски
Играат:
ФРАНЧЕСКО – Марјан Георгиевски
АМЕЛИ – Марија Стефановска
КАРИНЕ – Маја Андоновска Илијевски
ОЛИВИЕ – Никола Пројчевски
ЕЛИСА – Соња Михајлова
„Жиголо“ – претстава што ги брише границите меѓу маската и вистината. Некои приказни се кажуваат. Некои се шепотат. „Жиголо“ е онаа што не можете да ја избегнете – ќе ве најде во очите на ликовите, во паузите меѓу зборовите, во она што се гледа, но никогаш не се кажува гласно. Оваа претстава ја истражува тенката линија меѓу улогите што ги играме и луѓето што навистина сме. Желби што се кријат зад фасади, вистини што се разголуваат во мигот кога светлата ќе згаснат.
Во претставата е користен документарен материјал, во кој актерите одговараат на неколку прашања од „Прустовиот прашалник“, наречен така според славниот францускиот писател Марсел Пруст, кој во својата младост два пати одговарал на овие прашања (1886 и 1891 год.) во таканаречените „албуми на признанија“, кои сопствениците на албумите им ги давале на своите пријатели, собирајќи ги нивните одговори за спомен. Модерната игра што се појавила среде образованото општество на Викторијанската епоха, брзо се раширила меѓу познатите личности на тоа време, но својата популарност ја стекнува во 50-тите години на минатиот век. Пруст со своите оригинални одговори (на многу обичното прашање „Каде би сакал да живее“, тој одговорил: „Во царството на идеалот, поточно, мојот идеал“), го прославил овој прашалник, кој до денес е една од најпрестижните светски анкети на познати личности од општествениот живот.