Skip to main content

Заводот за заштита на спомениците и култура-Охрид со своите музејски објекти и локалитети, влезе во конкуренција за наградата Жива 2025 (Best Slavic Heritage Site)

Нашата установа со своите музејски објекти и локалитети, влезе во конкуренција за наградата Жива 2025 (Best Slavic Heritage Site), соопштија од Заводот за заштита на спомениците и култура-Охрид.

Најдобар локалитет на словенското наследство а се однесува на прославување на местата на културно наследство кои одразуваат исклучителна историска, уметничка и културна вредност а воедно имаат одржливи практики. Наградата Жива 2025 „Најдобро словенско наследство“ има за цел да ги препознае најдобрите практики на музеите и локалитетите и го истакнуваат нивниот напредок и го поттикнуваат учеството и конкуренцијата и се важни транснационални културни платформи кои промовираат дијалог, комуникација и вмрежување, размена на идеи, знаење и искуство – во однос на нивното управувањето, заштита и промоција на колекциите, нивната општествена улога, услугите и посветеноста на јавното добро преку поттикнување на иновациите, креативноста и инклузивноста.

За таа цел бевме домаќини на стручно жири составено од г-ѓа Каролина Здравиќ – музејски советник од Љубљана, Словенија и г-ѓа Неда Кнежевиќ – директор на Музејот на Југославија во Белград, Србија, во соработка со Форумот на словенски култури на кои им го претставивме нашето богатство и работата на институцијата, заради конструктивна и успешна евалуација во процесот на селекција.

Поврзани вести