За 80 години независна Македонија, денеска за прв пат беа промовирани капитални изданија со Брајова азбука, наменети за лица со оштетен вид. Станува збор за книгите „ Приказни за Зоки Поки“, „ Сказна за детето Вилен “ и „ Белото Циганче“, чии автори се класиците на македонската литература за деца , Оливера Николова, Глигор Поповски и Видое Подгорец. Според претставникот на издавачкиот центар АЛДЕБАРАН, кој што ги објави трите изданија, потребно е интерресорски да се решат работите за да ваквите книги со Брајова азбука редовно се објавуваат.
Покрај „ Приказни за Зоки Поки“, како некомерцијални , скапи изданија, денеска беа промовирани и книгите за деца со Брајово писмо „ Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „ Белото Циганче“ од Видое Подгорец. Според претставникот на Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН од Струга, кој што ги објави изданијата во соработка со експерти од училиштето „ Димитар Влахов“, редно време било да се објават вакви книги зашто за 8 децении независност на Македонија, од разни причини тоа било пропуштено. Стефоски кажа дека е потребно министерствата за образование, култура и социјална политика да решат некои работи, за да книгите со Брајова азбука станат секојдневие.
Интерресорски треба да се решат некои работи за да може редовно, без некаква инцидентна основа да ги приопштуваме ваквите изданија , да бидат објавени. А, нашиот поттик беше и другите издавачи да можат да објавуваат книги, кои се дел од нивната издавачка програма. И да бидат редовно објавувани на Брајово писмо, вели за Телма, Мите Стефоски , претставник на Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН.