Skip to main content

Во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ вечерва промоција на постхумно објавената книга на Благој Самоников

Во Националната установа Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“-Штип утревечер во 19.00 часот на малата сцена „Благој Самоников“ ќе се одржи промоција на постхумно објавената книга „Крикот на занемениот молк“ од авторот Благој Самоников. 

Во писменото соопштение на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип се вели дека настанот е посветен на ликот и делото на Самоников, истакнат културен работник и прв директор на тогашниот Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип, кој со својата работа остави значаен белег во културниот живот на градот. 

-Во негова чест, Малата сцена во НУЦК „Ацо Шопов“ денес го носи неговото име.

Промоцијата на ова постхумно издание претставува можност публиката повторно да се доближи до неговото творештво и да се оддаде почит на неговиот придонес во културата и книжевноста, соопштуваат од НУЦК „Ацо Шопов“-Штип.

Поврзани вести