Skip to main content

Во Прилеп отворена изложбата „Уметност во простор“ на Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска

Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

Синоќа во Ликовната галерија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска.

Изложбата ја отвори Бранче Трајкоски, потенцирајќи дека двете авторки во галеријата ја презентираат последната креација од нивната повеќезначна уметност со содржинско тематска смисла, интимности, осмислена со цел да едицира, инспирира и развива одреден уметнички опус.

фото: Центар за култура „Марко Цепенков“

Изложбата отвора прашања за времето, неговата брзина, недостатокот и неможноста од неговото фаќање. Делата не нудат затворени одговори, туку постојат како уметност со асоцијална отвореност што ја поканува публиката на лично доживување и интерпретација – рече Трајкоски.

Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска се академски уметници, кои имаат реализирано бројни изложби во земјата и во странство.

Поврзани вести