Skip to main content

Визуелно патување низ шпанскиот збор – нова изложба во Скопје

Во галеријата „Руди“ во 19 часот ќе биде отворањето на вториот дел од ликовно-книжевниот циклус „Цртајќи книжевност – Визуелно патување низ шпанскиот збор“, подготвен од галеријата „Акантус“ со поддршка од Амбасадата на Шпанија.

Публиката ќе има можност да ужива во уникатна поставка на цртежи создадени како инспирација од литературното читање што се одржа во јули годинава под истиот наслов.

Изложбата обединува дела на пет талентирани македонски уметници – Дијана Томиќ, Јана Јакимовска, Петар Петков, Кристијан Јованоски и Стефан Младеновски, чија имагинација и визуелна интерпретација отвораат нови хоризонти меѓу книжевноста и ликовната уметност.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата до 14 октомври 2025 година.

Поврзани вести