Skip to main content

Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 16 од вкупно 27 беспилотни летала испратени од Русија во текот на ноќта.

Девет дронови не стигнале до своите цели, веројатно како резултат на акциите на силите за електронско војување, соопшти украинската војска.

Доцна синоќа во напад со дрон беа повредени седум лица во североисточниот град Харков, соопшти гувернерот на регионот Харков Олег Синегубов. Тој прецизираше дека во одвоен инцидент во околината, како последица на напад избувнал пожар во болница, а една жена е повредена.

Поврзани вести