Skip to main content

Традиционална изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ во КИЦ Скопје

Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе биде отворена вечер во Култутно информативниот центар – Скопје.

Оваа изложба е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Учесници се Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел Бучковски, Христијан Петровски, ќе излага и Хорхе Триано (еразмус студент), од класата на проф. Благоја Маневски од прва до трета година и проф. Ангел Миов во четврта година.