Skip to main content

Тимот на Археолошкиот музеј по една година пауза се враќа на високиот рид над селото Равен, Гостивар

По една година пауза, повторно се враќаме на високиот рид над селото Равен, Гостивар! , соопштија од Археолошкиот музеј на Македонија.

Тимот од Археолошкиот музеј во соработка со стручњаци од Конзерваторскиот центар Гостивар започна со нова сезона на сондажни истражувања на локалитетот Калаја – место каде што слоевите од доцната антика и средниот век сè уште ја кријат својата приказна.

Оваа година фокусот е на бедемите, апсидалната просторија и откривање нови структури на теренот.

Ако дозволат условите – следуваат и воздушни снимки со дрон!

1 Раководител на истражувањето е д-р Роберт Петковски, членови на стручниот тим: м-р Буњамин Џемаиљи,

Филип Аџиевски, Мартин Гиевски, Археолошки музеј-Скопје; Весна Јанковска, Музеј на Македонија; Џезаир

Реџепи, Садат Беќири, Ерсин Дико, Конзерваторски центар Гостивар.

Останете со нас за нови откритија од ридот со приказни.

Поврзани вести