
Теодора Матеска создаде уникатна архитектонска азбука инспирирана од модернистичката и бруталистичката архитектура на Македонија. Секоја буква е изградена од фасади, прозорци, столбови, куполи и препознатливи објекти како ГТЦ, Поштата во Скопје, Споменикот на Илинден во Крушево, Универзалната сала и многу други.
Овој проект не е само визуелна игра – тој е истовремено почит кон нашето архитектонско наследство и креативен израз што ја претвора азбуката во платформа за културна афирмација.
„Архизбуката“ претставува мост помеѓу јазикот, културата и бетонската поетика, со цел да се изгради нов начин на комуникација – преку букви што се и симболи и градби.
Во оваа азбука, секоја буква е изградена од архитектонски елементи – фасади, мостови, куполи, столбови, прозорци, модерни облакодери и историски градби. Но срцето на мојот проект е бруталистичката архитектура што ја дефинира Македонија. Суровите бетонски форми, масивните структури и футуристичките облици на објекти како Поштата во Скопје, Споменикот на Илинден во Крушево, Универзалната сала, ГТЦ и други обележја беа совршен материјал за креирање на азбуката. Светлите и темните делови создаваат дополнителна длабочина, што ја прави секоја буква не само препознатлива, туку и со сопствен карактер.