Skip to main content

„Татко“ на Никшиќко позориште вечерва гостува во МНТ

На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште.

Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот филм, кој освои „Оскар“.

Актерската екипа е составена од Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ.

„Татко“ на авторот Зелер е драма за губењето на идентитетот, времето и стварноста.

Сценографијата е на Весна Сушиќ, костимографијата и изборот на музиката се на Наташа Поплавска, а дизајнот, фотографијата се на Емил Петров.

Поврзани вести