Skip to main content

Танц фест Скопје и Францускиот институт ќе доделуваат награда „Роксен Стојанов“ за млади балетски уметници меѓу 16 и 20 години на иницијатива на примабалерината на Париската опера

Овој натпревар во организација на Културниот центар Интерарт во соработка со Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје, ќе биде отворен за млади балетски уметници помеѓу 16 и 20 години, кои ќе може да депонираат свои кандидатури во текот на оваа есен 2025 година и ќе бидат селектирани според прецизни уметнички и технички критериуми

Танц фест Скопје ќе ја востанови наградата „Роксен Стојанов“ за млади балетски уметници, со цел да се охрабрат идните македонски таленти, соопштија од Танц фест Скопје и Францускиот институт во Скопје.

Примабалерината Стојанов е ѕвезда на Париската опера и има македонско потекло. Таа годинава во април ја доби наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2025 година што ја доделува Танц фест Скопје. Наградата ѝ беше врачена на свеченото отворање на годинашното 21. издание на Танц фест Скопје. Во обраќањето, таа говореше на македионски јазик.

Овој натпревар во организација на Културниот центар Интерарт во соработка со Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје, ќе биде отворен за млади балетски уметници помеѓу 16 и 20 години, кои ќе може да депонираат свои кандидатури во текот на оваа есен 2025 година и ќе бидат селектирани според прецизни уметнички и технички критериуми.

Селектираните кандидати ќе треба да подготват специјална и однарпед одредена програма што тие ќе ја изведат во живо, пред интернационално жири, во текот на Скопје танц Фест, во периодот од 15 до 20 април 2026.

Наградениот уметник/ца ќе има можност да престојува една недела во Париз, Франција престој под менторство на ѕвездата Роксан Стојанов што вклучува часови и професионални средби.

Наградата Роксан Стојанов ќе има Почесен одбор, кој ќе придонесе со својата работа за развој на оваа иницијатива во земјава, но и на регионално ниво, на Балканот.

Роксан Стојанов е извонредна уметница, која својата танцова кариера ја започнува во Скопје, а понатаму се развива низ европски школи, влегува во Школата на Париската опера и се оформува како уметник со високи уметнички перформанси.

Во декември 2024 година, таа е прва балерина со македонско потекло која е прогласена за Ѕвезда на Париската опера.

Во својата кариера Роксан Стојанов изведува врвни улоги во дела од класичниот и современиот репертоар на Париската опера, со која гостува на интернационалната сцена низ Европа, Америка, Кина и Јапонија.

Поврзани вести