
Во срцето на август, од 10 до 14 во месецов 2026г, едно мало парче земја на југот стана центар на еден невидлив, а сепак моќен космички поредок. Малото, но со душа големо гратче Валандово беше домаќин на уметничка средба, 29та Ликовна колонија, која надмина сè што е само материјално и видливо со голо око. Како куратор на овој настан Гордана Винчиќ ,сведочи заедно со уште 9 учесници, процес во кој чистата креативна енергија се трансформираше во траен подарок за заедницата.
Креативниот триаголник: Поддршка, материја и дух
Ниту една визија не може да се материјализира во нашиот свет без соодветен сад кој ќе ја прими. Таа неопходна структура и безрезервна поддршка ја обезбедија Домот на културата „25 Мај“ и локалното здружение за култура. Донијарќи дел од патните трошоци, храна, престој и пред сè — извонредно квалитетен материјал за работа. Сите заедно создадоа идеални услови за уметниците да го канализираат својот внатрешен свет врз платната. Оваа соработка е жив доказ дека кога намерата е чиста, целиот простор се отвора за да ја поддржи и дарува.
Енергетскиот круг на Балканот и исцелувањето на заедницата
Настанот беше вистинска идила на заедништвото. Се собравме уметници од пет различни страни, но со иста фреквенција: од Македонија, Србија, Грција, Турција, Албанија и Бугарија. Иако зборувавме на различни јазици, нашите четки и бои создадоа нов, универзален јазик.

Овие неколку дена донесоа нешто многу подлабоко од обично творење. Се роди силно чувство на единство, не само помеѓу нас уметниците, туку и со самите жители на Валандово кои нè примија со отворени срца. Сведочевме на моменти на внатрешно исцелување, длабоки лични увиди и раѓање на нова креативна изведба. Процесот нè промени сите, ткаејќи невидливи нишки на нови другарства кои веќе го поминаа тестот на времето и продолжуваат да траат.

Законот на давањето: Подарок за вечноста
Секој од уметниците создаде по две дела — чисти искри на инспирација кои беа наменети како директен подарок за граѓаните на Валандово. Овој чин на безусловно давање ја заокружи смислата на нашето постоење таму. Уметноста не постои за да биде затворена, туку за да циркулира и да го збогатува оној што ја прима, создавајќи вечна врска помеѓу творецот и заедницата.
Големото финале под јаворот: Огледало на светлината
Кулминацијата на оваа креативна генеза се случи последниот ден, на монденското плоштадче „Кај Јаворот“. Под сенката на ова древно дрво, симбол на животот и поврзувањето на земјата со небото, беше поставена изложбата пред среќните очи на валандовчани. Особено добродојдена беше многубројната посетеност од најмалите дечеиња.
Но, вистинската магија се појави со заодот на сонцето. Наспроти плоштадот, гордо се воздигнуваше преубавата црква. Кога се запалија нејзините ноќни светла, се случи чудесна рефлексија. Архитектонската светлина од храмот се одбиваше и прелеваше директно врз изложените платна. Тоа беше момент на совршена хармонија: светлината на духовноста и светлината на човечката креација се споија во едно, осветлувајќи ги лицата на сите присутни.
Едно големо „Благодарам“ и поглед кон иднината
За да се случи ова чудо, потребни беа луѓе со визија. Сите учесници на овој настан сакаат да упатат огромна и искрена благодарност до прекрасните граѓани на Валандово за нивната топлина. Голема благодарност и до локалното културно здружение, до директорот на Домот на културата, Виктор Давчев, како и до градоначалникот на градот, кои препознаа дека инвестицијата во културата е инвестиција во духот на народот.
Енергијата што ја создадовме во Валандово е премногу жива за да застане тука. За време на нашите заеднички средби, спонтано се роди една прекрасна идеја: следниот ваков настан, следната година, да го преселиме преку границата и да го одржиме во соседна Грција. Здравје! Светлината продолжува да патува.

Македонски


