Skip to main content

Свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80-годишнината од објавувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески.

На настанот ќе се обратат деканот на факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска – Димкова. Пригодни обраќања ќе имаат и проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска.

Поврзани вести