
Со концертот на квартетот тромбони МАКБРАС и изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски ја заокружуваме програмата на Македонскиот културен центар во Истанбул за 2025 година, соопштија оттаму.
Им благодариме на извонредните музичари на МАКБРАС за инспиративната музичка изведба, како и на Маријана Николoвска за нејзината префинета пијано придружба.
Особена почит му оддаваме на уметникот Благојче Петровски за изложбата „Поема на атомите“ и промоторот Филип Иванишевиќ, со која галеријата на Македонскиот културен центар во Истанбул се исполни со светлина и духовна длабочина.
Посебна благодарност и до нашата верна и сè побројна публика, чие присуство и внимание ѝ дадоа вистинска смисла на вечерта.
Настаните беа реализирани во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам, како дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар во Истанбул за промоција на македонската култура во Република Турција.
Со благодарност за поддршката и довербата, со нетрпение ги очекуваме новите културни средби во претстојната сезона.
Фото: Невзат Јилдирaн

Македонски






