Skip to main content

Со концерт на Националниот џез оркестар на 11 април ќе биде свечено отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“

Министерство за култура

На 11 април 2025 година, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде свечено отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“.

На Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток од 19:30 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи со репертоар на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена.

Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку специјално адаптирани аранжмани за изведба со биг-бенд состав, а публиката ќе ужива и во врвните изведби на членовите на биг-бендот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин, а како вокални солисти, покрај членовите на биг-бендот ќе настапат: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.

Поврзани вести