Skip to main content

Со филмот „13. ДЕН“ завршува 10. фестивал „Богородичен покров“

Фестивал „Богородичен покров“

Со проекција на „13. ДЕН“, долгометражен игран филм од 84 минути, вечерва ќе биде затворено јубилејното 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.

Во свет растргнат од прогон, војна и угнетување, три деца беа избрани да ја пренесат пораката на Пресвета Богородица за надеж на светот. Ова е едно од најголемите чуда на Пресвета Богородица во историјата на светот, кога Сонцето танцуваше на небото на 13 октомври 1917 година, во португалскиот град Фатима. Според критиките, ова е совршен и најдобро снимен филм на овој настан во историјата на кинематографијата“, велат од фестивалскиот тим. 

Филмот е  во продукција „13TM DAY Films“, Обединето Кралство, 2009. Проекцијата е во 19 часот на Европскиот универзитет Скопје. 

Во тек на фестивалот, чие 10. издание беше отворено на 5 декември, беа прикажани документарни и долгометражни филмови посветени на културното, духовното наследство и хуманоста: „Успение на Пресвета Богоридца“, „Варава“, „Раѓање на Богородица“,  „Светиот Архипелаг“, „Приказни од Атос“, „Стела“, „Доброчинител“, а се одржаа и неколку форуми за хуман и вредности насловени „Знаењето е здравје“. 

„Богородичен покров“ се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан, а почесен претседател на фестивалот е митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.

Поврзани вести