
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вчера беше отворена изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова.
На отворањето на изложбата директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров нагласи дека нема поголем предизвик во денешното турбулентно време да се зборува и да се посакува човекољубие.
Тоа е првата причина за изложбата е што вечерва му се поклонуваме на Јунус Емре, големиот турски народен поет. Втората причина зошто е ова е прва наша меѓународна соработка и колку што знам, и прва меѓународна соработка на турскиот Институт Јунус Емре во Белград, е турската културна дипломатија, која ја почитувам. Вистински предизвик е претставници на таква културна дипломатија да бидат наши вечерашни партнери за соработка. И третата добра причина е Даниела Николова, ерудит и истражувач од Македонија која кованите пари од Кратово и Скопје од 14 до 17 век ги има истражувано. Се договоривме македонската и турската дипломатија вечерва да комуницираат во Белград и да и покажеме на белградската публика што е истражувано на план на монетите што се наоѓаат во Музејот на Македонија ковани во Скопје и Кочани во 14 до 17 век, изјави Шутаров.
Македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски на отворањето рече дека изложбата на впечатлив начин го оживува богатото културно и историско наслество на нашите простори.
Оваа изложба не е само приказ на монети туку и сведоштво на вековните економски, културни и општествени врски на Балканот. Врски што денес поттикнуваат да градиме поблиска и посодржајна соработка. Убеден сум дека ваквите настани придонесуваат за продлабочување на меѓукултурниот дијалог и взаемното разбирање што е посебно значење во денешниот свет, потенцира Тупанчевски.
Даниела Николова, која ја подготви изложбата неведе дека целта на изложбата е да се истакне културната и историка важност на овие монети да се истакне љубопитноста и да се нагласи заедничката историја на овие постори.
Оваа изложба носи долга и богата приказна. Монетите што се претатвени се исковани во две значајни ковачници во Скопје и во Кратово што функционирале од 14 до 17 век. Монетите не биле само средство на размена туку и вистински сведоци на економските, политичките и културните текови што ги поврзувале овие балкански простори. Овие монети откриваат многу повеќе од нивната материјална вредност – тие се носители на пораки од минатото, симболи на власт, институции, документи на трговските и социјални врски. Преку детална анализа тука има три сегменти – моите истражувања што ги правев повеќе од 10-на години, потоа нумизматичката анализа и регионалната историја. Секоја монета имено, има своја приказна, рече Николова.
Турскиот амбасадор во Белград, Илхан Сајхл, од своја страна изјави дека изложбата отвора значаен простор за разбирање на заедничко минато.
Монетите исковани во Скопје и Кратово не се само нумизматички артефакт туку е и сведок за економскиот , општествениот и културниот живот на еден регион кој со векови бил дел од пошироки цивилизациски текови. Зборува и за континуитетот и развојот и поврзаноста на луѓето и културите. Нашата поддршка за книгата и за изложбата произлегува од свеста дека културното наследство не е само сведочење за минатото туку и важен дел од идентитетот што денес го градиме, рече Сајхл .
Од Институто Јунус Емре во Белград нагласија дека изложбата сведочи за мултикултурната цивилизација на Балканот што коегзистирала истовремено нагласувајќи го значењето за зачувување и промоција на нумизматички вредности.
Оваа изложба поврзува историја, култура и уметност, пренесувајќи го богатството од минатото во современиот свет. Заедничкото учество претставува исклучителна прилика да сведочиме за минатото и вредностите да ги пренесеме во иднината.
Поставката е дел од поширок проект што вклучува и промоција на двојазичната монографија „Патувањето на парите“, и нуди научен и визуелен осврт на колекцијата. Изложбата се реализира во соработка на македонскиот КИЦ во Белград со Јунус Емре Институтот во Белград и во Скопје, со поддршка од Халкбанк, и претставува значаен придонес во унапредувањето на регионалната културна соработка и зајакнувањето на меѓукултурниот дијалог. Изложбата претходно беше реализирана во Скопје, каде предизвика голем интерес кај јавноста и стручната публика. Изложбата во Белград ќе биде отворена за посетители до 8 април 2026 година.

Македонски



