Skip to main content

„Првите кралеви на Европа“- изложбата на македонски артефакти отворена во Музеј Битола

Во малата сала на НУ „Завод и Музеј“ се отвори едноднената изложба на македонски предисториски факти – предмети и постери кои беа дел од големата тригодишна изложба низ сад и канада во рамки на изложбата „Првите кралеви на Европа“.

Секој барем еднаш се прашувал како живееле нашите предци, тие за чии цивилизациски вредности истражува, анализира и прогнозира современиот човек. Во  нив секако на најистакнато место се  првите европски кралеви. Оние од каменото  време или неолитот . Денешната изложба организирана и реализирана во Завод и Музеј го понуди токму таквиот амбиент, темен, без светлина поинаква од таа што ја даваат изложените предмети и големите фотографии на банаерите за историјата на просторот, оној поширокиот, европскиот.

Се работи за изложбата „Првите кралеви на Европа“ – изложба на околу 700 предмети од 23 институции од Балканот којашто три години имаше турнеја во Северна Америка, вели д-р Гоце Наумов, национален координатор на изложбата, изложба којашто ја виделе повеќе од 400 илјади посетители.  На изложбата присуствуваа и националниот координатор Гоце Наумов, директорката на УЗКН Весела Честоева, претставници на музеите од Битола, Прилеп и Гевгелија.

Иако за момент присутните подзастанаа и ја визуелизираа мислата за животот во тоа време, без удобностите на развиената технологија, луѓето кои стојат зад изложбата се фокусираа на нејзиното значење за соработката на балканските и европски музејски и институции за заштита на културното наследство.

Се претпоставува дека пелагониската рамница , исполнета со слоеви историја , е седиште и на најстариот неолит. Оттука реакцијата на Николовски. Највредниот предмет вели е скиптарот кој е пронаден во 1959 година, од археолози кои работеа во битолскиот Завод.

Инаку, изложбата на предмети од 23 балкански музеи,  беше структурирана во четири главни делови: Територија пред кралевите: неолитски период; Првата позлатена доба: бакарната доба; Нови патишта на моќта: бронзеното време; Раѓањето на кралското семејство: железната доба. Изложбениот курс се развива преку посебна сценографија, која комбинира прикажување на предмети со графички елементи, видео и аудиоелементи. Инаку изложбата се реализираше по иницијатива на Филдов-иот музеј во Чикаго,САД.

Поврзани вести