Skip to main content

Промоција на книгата „Тело без душа – разговор во бесконечноста“ на авторката Елена Цветковска

Постер

Во просториите на Јавна соба, денеска, ќе се одржи промоција на книгата „Тело без душа – разговор во бесконечноста“ на авторката Елена Цветковска. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на џез музичари, проекција на краткометражен филм во контекст на содржината на книгата, разговор со интернационални гости, како и презентација на самата авторка на книгата.

Првата книга на Цветковска, во соопштението се наведува дека е инспирирана од нејзината лична болка, која отвора нови перспективи за животот, болеста и смртта.

Мојата книга е инспирирана од најдлабоката лична загуба, а тоа е смртта на мојата мајка. Таа истражува теми како договорот на души, изборот на родители и животни околности уште пред нашето раѓање, болеста како духовна лекција и смртта како враќање кон изворот на свеста. Книгата отвора поглед кон животните предизвици не како случајност или казна, туку како дел од повисок план кој ни овозможува раст, освестување и духовна зрелост, вели Цветковска. 

Поврзани вести