
Под мотото „Совреме муабети за современ театар“, денес во 18:00 часот во фоајето од НУ ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски, во која се објавени и осврти за претстави од театарот „Војдан Чернодрински“.
Промоцијата ќе ја води Оливера Андоноска. Промотор ќе биде Габриела Стојаноска Станоеска. Дизајнот на насловната фотографија е на „Civette Production“.
„Современи театарски осврти“ е иницијална збирка аналитички профилирани размисли на Звонко Димоски, со која авторот ги манифестира своите неколкугодишни гледачки искуства на театарски претстави низ македонските театри.