Skip to main content

Промоција на книгата „Ex nihilo“ од Звонко Димоски во Прилеп

На 6 април, во 18,30 часот во кафе „Тротоар“ во Прилел ќе се одржи промоцијата на книгата со репортажна поезија за Андалузија „Ex nihilo“ од Звонко Димоски.

Промоторка на книгата ќе биде Драгица Здравеска.

„Многу патувам. Многу слушам. Многу гледам.
Секогаш кога го правам ова, ми се враќа прашањето:
Што останува во мене кога си заминувам
од некое место?
Со Андалузија беше поинаку. Таа не си замина, ниту јас
од неа. Таа се всели во мене.
Ништо не ме возбудило толку силно колку Андалузија.
Не како туристичка дестинација, не како историска
фасцинација, туку како чувство. Како глас што не
замолкнува.
Станав опседнат со нешта што не можев лесно да ги
дефинирам. (…)
Репортажната поезија ми стана природен јазик. Таа ми дозволи да бидам и точен и нежен, и сведок и соучесник.
Затоа ја напишав оваа книга и затоа тишината ја претворам во стих.
Не за уште подобро да ја разберам Андалузија, туку за да ѝ возвратам со љубов. “
(од воведните зборови на авторот во книгата)

Поврзани вести