Skip to main content

Промоција на Алманахот „По стапките на Прличев“ во Охридската библиотека

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а финансиран од страна на Министерството за култура и туризам утре (среда) со почеток вод 11 часот во Прличевата одаја ќе го промовира Алманахот „По стапките на Прличев“

Книгата  е плод на отворената соработка на Библиотеката со поетите и писателите од Охрид и околината, со дел од оние кои живеат надвор од него,  до Австралија.

Годинава одбележуваме 80 години од стандардизацијата на македонскиот јазик и 195 години од раѓањето на Прличев. И на овој начин библиотеката го слави нашиот убав и милозвучен македонски јазик. Стиховите и прозата од вкупно 34 автори кои се вклучија во Проектот ја слават книжевната душа на нашиот град, вели носител на проектот и уредник на книгата м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар.

Поврзани вести