Skip to main content

Промоција на „Абецедарот – сто години потоа“ утре во Скопје

Промоцијата на „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025) со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар, ќе се одржи утре во Скопје.

Организатор на настанот е Сојузот на здруженија „Македон“, предвидено е промоцијата да почне од 11 часот во Универзитетот „Скопје“.

Како што појаснуваат од организацијата, промотори се проф. д-р Никола Жежов и проф. д-р Валентина Миронска, а одломки ќе читаат актерите Никола Кузелов и Игор Трпчески.

Јубилејното издание „Абецедарот – сто години потоа“ се состои од два дела. Во првиот дел, покрај предговорот, поместени се три авторски статии на проф. д-р Нада Јурукова, проф.д-р Виолета Ачкоска и на проф. д-р Елка Јачева Улчар, а во вториот дел целосно е пренесен „Абецедарот“ во неговата оригинална форма на левата страна од книгата и транскрибираните страници со кирилско писмо, од десната страна, се наведува во соопштението.

Поврзани вести