
Новата претстава „Ова е само крајот на светот“ нè носи на семејна средба што трае еден ден – а открива години премолчени мисли и недоразбирања, информираат од Драмски театар.
По дванаесет години отсуство, Луис се враќа дома со намера да каже нешто важно, но разговорите со мајката, братот, сестрата и снаата постепено се претвораат во судир на љубов, болка и одбрана. Зборовите се судираат, речениците се прекинуваат, а она што најмногу сака да се каже останува меѓу редовите. Според истоимената драма на Жан-Лик Лагарс, ова е интензивна и прецизна претстава за семејството како место каде што најмногу се сака – и најтешко се разбира.
12.3. (четврток) 20:00
Драмски театар, Скопје

Македонски

