
На 2 јуни 2025 година (понеделник), со почеток во 19:00 часот, на поткровјето на Јавна соба, ќе се одржи премиерата на новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчетво Воли“. Претставата која е поддржана од Министерството за култура и туризам е базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во издание на Чудна Шума.
Со оваа адаптација, светот на облеките добива нова димензија на театарска сцена. Храбрите Лефти и Рајти тргнуваат во мисија да го спасат заборавеното џемперче Воли од автобуското седиште во приказна исполнета со хумор, грижа, детска фантазија и топлина. Претставата ја режира Изабела Јакимова која воедно стои и зад адаптацијата на текстот. Нејзиниот пристап преку „Театар за тебе“, успеа да ја задржи нежноста и духовитоста на оригиналната сликовница, во визуелно богати сцени и дијалози кои ги ангажираат и најмладите гледачи.
Улогите ги толкуваат: Јана Велева, Бранко Атанасов, Ангела Лефкова и Мина Јелушиќ Јериниќ