Skip to main content

Предавање на Михајло Марковиќ во КИЦ Софија за 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Во просториите на Македонскиот КИЦ во Софија, вечерва во 18.30 часот ќе се одбележи јубилејот – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик. На одбележувањето на јубилејот ќе се обратат проф. д-р Михајло Марковиќ, со предавање на тема „Милениумската постојаност на македонскиот јазик – темел на македонскиот културен идентитет“ и проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот КИЦ во Софија.

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани: Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 година) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, Решението на Президиумот на АСНОМ од 5 мај 1945 година за македонската азбука, како и со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година.

80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик и раст на македонскиот јазик низ вековите, како суштински фактор и ентитет на македонскиот идентитет, како срцевина на македонската култура, преку кој градиме мостови на уметноста, културата, науката и напредокот, во духот на соработката, пријателството и дијалогот меѓу цивилизациите.

Поврзани вести