
Францускиот институт во Скопје организира предавање и изложба „ Македонскиот фронт низ слики и предмети “, кое ќе се одржи во вторник, 11 ноември 2025 година, од 19:00 часот, во Europe House, Скопје.
Предавањето ќе биде одржано од страна на двајца еминентни експерти за Првата светска војна и Македонскиот фронт: Даниела Николова, историчар и кустос-советник во Музејот на македонската борба, и Ерик Алар, професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.
Паралелно, во холот на Europe House ќе биде поставена изложба на автентични разгледници и фотографии од приватни колекции, меѓу кои и онаа на Фросина Георгиевска и Бјорн Габриел.
Изложбата претставува уникатно визуелно сведоштво за животот на војниците и народот за време на Првата светска војна во Македонија.
Изложбата ќе биде отворена само на денот на предавањето.

Македонски







