Skip to main content

Поетско читање на гости од Хрватското книжевно друштво од Риека во Библиотека „Григор Прличев“ во  Охрид

 Во рамките на балканската турнеја на Хрватското книжевно друштво од Риека, утре – петок во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во  Охрид ќе гостуваат тројца поети.

 Поетот Валерио Орлиќ и е добро познат на охридската и македонската културна јавност. Тој е основач и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво од  Риека. Зад себе има бројни награди кои ги добил за своето творештво и овде кај нас.

На настанот ќе се претстават и поетите Срѓан Духовиќ, роден на Корчула – Хрватска и Станка Раѓеновиќ – Станојевиќ родена на Цетиње во Црна Гора.

Преку поезија и разговор авторите ќе ги претстават своите најнови наградени стихозбирки и своето севкупно творештво.

Модератори на настанот ќе бидат Милчо Јованоски и Веле Митаноски а свое обраќање ќе има и Христина Трпеска, директорка на Библиотеката. Формален домаќин на поетите и нивниот престој и настап во Охрид е Здружението за култура и литература “Мацково” кое е организатор на Балканскиот поетски камп „Ванчо Николески”.

Поврзани вести