Skip to main content

Поетско читање и разговор со двајцата добитници на наградата „Млада Струга“ на СВП: Филипа Сара Попова и Андреј Ангеловиќ

Уште едно специјално издание на #СтереоФранс, в четврток, 17 јули, во 16 часот, овојпат за љубителите на поезијата!, најавијаод Францускиот институт во Скопје.

Поетско читање и разговор со двајцата добитници на наградата „Млада Струга“ на фестивалот Струшки вечери на поезијата: Филипа Сара Попова во 2024 и Андреј Ангеловиќ – овогодишен добитник на наградата.

Освен стиховите на овие млади поетски надежи, ќе се читаме и поезија од двајцата француски лауреати на СВП: Ив Бонфоа и Жан-Пејр Симеон.

Меѓустих: супер музички избор повторно од Андреј и Филипа!

Ајде на поезија со само еден клик до Стереолаб

Поврзани вести