Skip to main content

Пламенка Трајковска премиерно ќе го претстави видео записот од најновиот сингл со наслов „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“

На 30 јануари (петок) во 12.00 часот на јутуб каналот на виолинистката Пламенка Трајковска премиерно ќе биде претставен видео записот од најновиот сингл со наслов „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“ . Премиерата ќе биде на следниот линк:
https://youtu.be/U5_UKCZUsEI

Композицијата „Гласот на патувањето- Балканска песна бр.14“ е дел од најавениот музички албум „Балканско патување и претставува уметничка рефлексија врз заедничкото музичко наследство на балканскиот културен простор, сфатен како динамична и историски слоевита звучна средина. Делото е напишано за гудачки квартет и се заснова на мелодиска матрица која егзистира во различни варијанти низ регионот низ следните балкански песни и тоа: македонската песна „Ој девојче“, турската песна „Uskudar gider iken “, босанската песна „Анадолка“, српската песна „Русе косе цуро имаш“ и албанската песна „Mu ne bahcen tende“.
На овој начин, „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“ воспоставува дијалог меѓу традиционалното и современото, меѓу фолклорниот извор и камерната музичка практика, третирајќи ја традицијата како жив, подвижен систем што се обликува преку интерпретација, контекст и културна размена.
Автор и изведувач е Пламенка Трајковска а во гудачкиот квартет учествуваат следните музичари: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска- виола и Александра Јаневска – виолончело, информира Трајковска.

Синглот „Гласот на патувањето- Балканска песна бр.14“ е веќе објавен на сите светски онлајн музички платформи како Спотифај, Ајтунс и други и може да се преслуша на следниот линк: https://distrokid.com/…/the-voice-that-travels-balkan… .

Аудио снимката е направена во студиото Подрумот со Ангел Ќосев. Видео записот е сниман од Дејан Маркоски во студиото Пролајт. Монтажата на видео материјалот ја направи Пламенка Трајковска а фотосесијата ја направи Константин Калошев.

Албумот „Балканско патување“ е музичко-истражувачки проект кој ја обединува класичната музика со богатството на мелодии и ритми од сите балкански региони, создавајќи уникатен и пленителен звук.

Поврзани вести