Skip to main content

„Патување низ Боите -Јубилејни триесет години творештво“ – изложба на на ликовниот уметник и професор Башким Меџити

Денес, со почеток во 19:00 часот ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам при Националната Галерија на Македонија. Изложбата носи наслов „Патување низ Боите -Јубилејни триесет години творештво“, и ќе биде претставен неговиот сликарски опус со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника,акрил на платно.

За самото отворање ќе биде подготвена соодветна монографија со пригодни осврти за неговиот сликарски пат, со богати илустрации на неговите дела.Мњџити е дипломец на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, каде и магистрирал. Тој е редовен професор на Тетовскиот Државен факултет.

Куратор на изложбата е кустос Маја Крстевска.

Изложбата ќе трае заклучно со 16. 01. 2025 година.

Триесетгодишниот јубилеј на Башким Меџити го славиме со изложба во репрезентативниот објект Чифте амам при Националната галерија на Македонија, на која го претставуваме неговиот творечки опус со над шеесетина дела. Творечкото патување на Меџити се одвива низ неколку циклуси, од најраната младост, дипломирањето на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, до неговиот сегашен ангажман како редовен професор на Државниот универзитет во Тетово.

Портрети и фигурации, 1991 – 1998
Во првата фаза на својот творечки опус, Меџити се фокусирал на изработка на портрети и фигурација. Неговиот пристап е индивидуален и длабоко прецизен, досегајќи до фасцинантна импресија и индивидуализам со силна емотивна порака. Тоналитетот е јасно изразен, како и придушената анимација на перспективата. Фигурацијата во современата уметност претставува динамичен и комплексен феномен. Кај Меџити таа е оформена со чувство на сликовитост во преносна смисла. Преку неа тој ги истражува идентитетот, општествените односи и колективната наративност. Како средство за визуелна комуникација, фигурацијата овозможува приказ на човечката форма и неговата симболика, дава простор за дијалог меѓу гледачот и уметничкото дело. Компилацијата е помеѓу фигурата, просторот и емотивната состојба. Во античката уметност фигурацијата имала клучна улога, што значи дека од раните цивилизации до современата уметност приказот на човечката фигура бил централен мотив кој поминувал низ различни стилови и епохи, приспособувајќи се на промените во техниката, материјалите, како и на концептуалниот пристап. Сликарството на Меџити тука е втемелено во јасна ликовна композиција чиј основен елемент е портретот, или фигурата, и буквално кореспондира со ситуацијата или случката што ни ја пренесува преку своето дело.

Експресионистички пејзаж и скулптура, 1998 – 2014
Во оваа фаза исклучителен и разнолик е интересот на Меџити за експресионистичкиот пејзаж, каде што преовладува хармонија во палетата што се втопува во целината на прикажаната сцена. Студиозно и во јасен манир ги одразува волуминозноста и густината на тоналитетот, со што пејзажите стануваат глетки со природна убавина. Тој со голема леснотија го интерпретира одблесокот на светлината, при што студиозно ѝ приоѓа на темата воздигнувајќи ја до јасен експресионистички израз. Креативноста е моќно изразена, како и субјективноста на ликовниот израз. Во пејзажите е нагласена вредноста на емоцијата, втемелена во топлиот колорит на заднината, прикажувајќи ги мотивите од неговиот роден крај. Во текот на овој период Меџити покажал интерес за скулптурата. Изработил историски фигури во реалистичен стил, на кои секој детаљ е прецизно и пропорционално разработен, изразувајќи завидна хармонија и стабилност во нивното обликување.

Апстрактен експресионизам, 2014…
Линијата како најстара форма на изразување во историјата на цртежот, Меџити ја користи во своето сликарство како доминанта, за да ни овозможи јасен приказ на избраниот мотив. Одлика му е јасен, снажен колорит, рамномерна исполнетост на целата површина на платното. На моменти се придржува до традиционалните мотиви и прави спој со модерното, во насока на функционалност на делото. Воден од потребата за истражување на лирската апстракција и на рационалната свест, и стремејќи се кон доживување на емоцијата, тој интуитивно ги обликува, со спонтани, експресивни потези. Всушност, со сликарската гестикулација нѐ води кон саканата стилска синтеза со индивидуална промена. Поттикнува рефлексија преку боите, кои внесуваат перцепција на ниво до конкретната појава. Апстрактните слики понекогаш се дефинираат кај авторот како потези кои не постојат во стварноста, туку само како емотивен потег остварен преку боите. Колажот на линиите при средбата со платната на Меџити, за разлика од предметните слики, има т.н. отсуство на содржина, што е главно тежнение токму во експресионистичкиот израз на апстрактното, а модулот е потребата од нивно читање. Авторот нѐ води низ емотивно патување и главната цел му е преку платното да ни ја долови природата, меѓутоа не онаква каква што е, туку каква што е низ погледот на неговата палета со бои. Тој сега има нов пристап кон платното и претежно се насочува кон идејата, а боите му се дијалог помеѓу смислата на животот и изразувањето на најдлабоките чувства. Растоварен од предметниот простор, ја напушта свесната проекција на сликата, непосредно нѐ пренесува во творечкиот импулс на емоционалното прочистување. Користењето на четките и шпаклите го насочува кон препознавање на специфичните форми, при што постигнува ефект на препознатлива стварност.

Со својот личен печат, Меџити го слика платното со прецизни линии и доаѓа до нови решенија на композицијата, со што остава простор за непречено струење на мислата, во секој поглед, и умствено и емоционално. Неверојатно ја осовременува сегашноста и преку својата креативна авантура на боите акцентот го става на јасната позиција на секој прикажан елемент. Впрочем, најголемите откритија во историјата на уметноста се поттикнати токму од оние кои работат креативно и надвор од зададените правила. Апстрактната слика го предизвикува гледачот сам да ја протолкува сцената што ја гледа пред себе, сцена што ја следиме уште од пештерските мотиви на фрагменти од рака, на разни форми претставени на ѕидовите… Заокружувајќи го искажувањето со експресивниот потег, повторно се навраќам на емоцијата – која динамично го води авторот низ севкупниот мотив на прикажаните сцени во неговото дело – Маја Крстевска.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom