
Импресии од вчерашното отворање на изложбите Мал формат и МиниАРТура во Културно Информативниот Центар во Скопје. Ви благодариме на сите што бевте дел од ова отворање. Уметничкиот Совет на ДЛУМ оваа година ги награди авторите Ненад Тонкин за Мал формат, и Давор Кешќец за МиниАРТура, објавија од ДЛУМ.
Воедно Културно Информативниот Центар исто така додели две награди, “Вангел Коџоман” на Никола Смилков за мал формат и наградата “Константин Мазев – Коце” на Марија Чепишева за мал формат.
Честитки за сите !
Изложбите Мал формат и МиниАРТура ќе бидат отворени за посета до 10.11.2025 година во Културно Информативниот Центар во Скопје, повелете посетете не !

Македонски







