Skip to main content

Отворена изложбата „Пејзажно искуство“ на Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски во Македонскиот културен центар во Њујорк

Фејсбук

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк на 17 април ќе биде отворена изложбата „Пејзажно искуство“ на уметниците Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски. Овој проект за првпат беше изложен на 59. Венециско биенале во 2022 година како национален претставник од Македонија, а минатата година беше претставен и во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад.

Кураторки на проектот се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ Младенов.

„’Пејзажно искуство‘ (Landscape Experience) на Јанкулоски и Мотеска е мултинаративен транстактичен проект кој на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите. Може ли убавото да биде истовремено и подмолно грдо, естетското да стане слуга на злото, но со намера да го изнајде вистинскиот пат за да стане опомена? Сите овие прашања, со преиспитување на тезата за баналноста на злото, се наоѓаат во проектот ’Пејзажно искуство‘“, стои запишано во каталогот на изложбата.

Изложбата во Њујорк ќе биде отворена до 30 април 2025 година.

Поврзани вести