Skip to main content

Отворање на изложбата „Падот на ангелите” од уметникот Никола Пијанманов

На 6 октомври 2025 г/понеделник/ од 19.00 ч.во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков”Прилеп ќе биде отворена изложбата “Падот на ангелите” од уметникот Никола Пијанманов.

Уметноста не како последен бастион на креативноста и слободата на духот, туку како веќе единствена рефлексивна длабочина во која можеме бескомпромисно да си ги огледаме стврднатите души и прегорените емоции.

Последен подвиг за кој треба карактер, доблест и целосно скротена суета. И во тој морничав огледален одраз ќе ги видиме сите беспомошни и безмилосно згазени, сите луди војни и грозоморни геноциди, сета светска неправда и безумие, сиот систематски хаос и пекол кој ни ја краде сегашноста и убива иднината. 

И токму за сите тие беспомошни – за девојчето чија солза е единствен знак на живот врз од смрт преплашеното лице, за очајните и болните по болничките чекалници, за проколнатите без никаква вина, за сите избодени, скршени и паднати ангели во и околу нас, за сите згаснати соништа и радости – за сите нив овие слики гласно молчат – вели Александар Еленин за изложбата од уметникот.

 Никола Пијанманов 

Средно Уметничко Училиште „Лазар Личеноски“( 1996 -2000 ) Скопје

-Факултет за Ликовни Уметности Св. Кирил и Методиј (2000-2005) Скопје

-Дипломирал во класата на професорот Рубенс Корубин 2005 год.

Реализирал самостојни изложби во Струмица, Скопје, Велес,  Куманово, Прилеп. Хрватска, групни во земјава и во странство.

Студиски престој во Париз во Cité internationale des arts   јули/август 2022 год.

Резиденцијален престој во Њујорк август 2024 год.

Учестувал на повеќе колонии, а изработил повеќе сценографии, дела во јавен простор и фрескоживописи.

Поврзани вести