Skip to main content

„Операта на шумските животни”, музичка авантура за најмладите утре во Националната опера и балет

На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години.

Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ.

„Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава со едукативен карактер, која има за цел да ја доближи оперската уметност до најмладите. Преку динамична и духовита приказна, исполнета со комични ситуации, шумските животни се обидуваат да создадат сопствена оперска претстава, додека музичкиот дел вклучува адаптирани арии од познати оперски дела.

Претставата активно ја вклучува публиката, поттикнувајќи ја детската имагинација, креативност и љубопитност, нудејќи им на најмладите уникатно доживување и прв допир со оперската сцена.

Улогите ги толкуваат: Невен Сиљановски, Надежда Рубен, Марика Поповиќ и Дејан Стоев.

„ОПЕРАТА НА ШУМСКИТЕ ЖИВОТНИ” (претстава за деца) – музичка авантура за најмладите
4 април 2026
11.00 ч.
За деца од 6–11 години

Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451
Онлајн: https://t.ly/OperataNaSumskiteZivotni04.04.26
Интерактивна детска претстава што на забавен и креативен начин ја запознава младата публика со светот на операта. Низ многу комични ситуации, шумските животни се обидуваат да создадат сопствена оперска претстава, додека музиката носи адаптирани арии од познати опери.
Едукативно, весело и полно со музика – вистинска оперска авантура за децата.

Поврзани вести