Skip to main content

Оливер Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго  со оркестарот на Националната опера и балет ја позиционира Македонија на светската сцена

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго (83) , за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и  ексклузивен концерт на 14 март во арената „Борис Трајковски“, во организација на Прагма Продукција во копродукција со Македонска опера и балет.

Директорот на Македонската опера и балет Оливер Арсовски на денешната прес-конференција нагласи дека овој концерт е шанса за позиционирање на државата на светската сцена. Аесовски потенцира дека маестро Пласидо Доминго има 50 години кариера и е значаен дел од светската оперска уметност. Досега имал над 150 солистички улоги, над 4.400 настапи и над 600 настапи како диригент… Доминго, како што рече, е едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 „Греми“ награди. Доминго бил член на Тројцата тенори, режисер, диригент, почесен уметнички директор на Стогодишниот фестивал Арена ди Верона и генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон.

Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија.

Марија Хозе Сири е драмски сопран број еден во светот, посочи Арсовски. Потсетувајќи дека имала над 150 настапи, а во 2010 година настапила на Мајските оперски вечери.

Концертот ќе го диригира шпанскиот диригент Жорди Бернасер, кој од 2012 година соработува со Пласидо Доминго. Тој е еден од врвните шпански диригенти.

Оперскиот концерт ќе има два дела. Во првиот дел ќе биде со дела од италијанската музичка литература, а во вториот дел ќе биде проткаен со шпанското музичко творештво и со неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар. – Се надевам и сигирен сум дека ќе има бис, додаде Арсовски.

Жорди Бернасер, еден од врвните шпански диригенти денес, редовно диригира во најпрестижните традиционални театри и со реномирани оркестри. Тој ја започнал својата кариера како асистент на Зубин Мехта, Жорж Претр и особено на Лорин Маазел.

Доминго е вториот од Тројцата тенори кои дојдоа во Македонија – по настапот на Хозе Карерас на „Охридско лето“ во 2005 година, кој беше гала настан за паметење.

Куриозитет е што Доминго во Скопје ќе настапи со оркестарот на Националната опера и балет, што е реткост. Со оркестарот ќе има две проби во НОБ, од затворен карактер, и една тонска проба во „Борис Трајковски“. Доминго доаѓа неколку дена пред концертот, се уште не се знае дали ќе има официјална прес-конференција за медиумите. Ќе биде дозволено ТВ снимање и фото само на првите три минути. Многу сме горди што по долги преговарања ќе го имаме Доминго во Скопје, изјави денес на прес-конференцијата, Оливер Арсовски, директор на НОБ. Тој ја потенцираше поддршката од Министерството за култура за концертот од 600 илјади денари, а генерален спонзор на гала настанот е компанијата „Алкалоид“.

Концертот ќе биде во два дела. Во првиот дел ќе бидат изведени популарни оперски арии од италијанската литература, од Пучини, Верди, Белини…, а во вториот, дела арии од шпанската литература и дела од Штраус  и Лехар.

Кристијан Стефановски, претставник  на „Прагма продукција“, соопшти дека гостувањето на Доминго е специјално гостување и не е дел од некаква турнеја. Најави дека продукцијата и озвучувањето ќе биде перфектно и додаде оти ова не е прв концерт на Пласидо Доминго во спортска сала. 

-За една мала земја како што сме ние, ова е од големо значење. Маестро Доминго не почитува и како земја, тоа може да го видите во изјавите, и без никакво наше нагласување, земјава ја претстави како Македонија, во сите негови изјави и на на неговата официјална веб-страница, рече Стефановски. Изрази благодарност до Министерството за култура и туризам и Националната опера и балет за поддршката и до генералниот спонзор Алкалоид.

Преку видео се обрати Пласидо Доминго, кој изразува задоволство што ќе настапи во нашата држава. Најавува дека концертот и неговата програмата ќе разбудат радост, емоции и смеа кои публиката долго ќе го памети. 

Маестро Пласидо Доминго ќе пристигне во Скопје неколку дена пред концертот, на 11 март,  по што ќе има две проби со Орекстарот и со Хорот на Операта. Генералната проба ќе биде во арената „Борис Трајковски“.

Билетите повеќе од три месеци се во продажба и во соседните земји, со цена од 2 000 до 5 000 денари. Досега над 500 билети се продадени во Бугарија.

.

Како уметник сам по себе и како член на Тројцата тенори, (Павароти, Доминго и Карерас беа најпознатото трио тенори во светот), тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 Греми награди. 

Поврзани вести