
Денешната прес-конференција беше посветена на програмата за 66. издание на „Охридско лето“ — фестивал кој повеќе од шест децении претставува еден од најзначајните културни настани во регионот и пошироко.
Уметноста го добива своето суштинско значење само доколку успее да го допре човекот, да го трансформира и да создаде простор за нови доживувања. Таа не е само израз, туку процес на будење кој го менува човекот одвнатре и отвора нови перспективи во секојдневниот живот.
Токму таа длабочина на уметничкиот израз живее и дише овде, на сцените на Охрид, град во кој тишината на езерото и ехото на вековите создаваат посебна магија што се чувствува со срце. Во овој град, каде традицијата и убавината се испреплетуваат, уметноста добива нова димензија и нова сила, рече Ѓорѓи Цуцковски, директор на Фестивалот „Охридско лето“.

Тој посочи дека токму „Охридско лето“ е фестивал кој ја афирмира уметноста како мост меѓу култури, генерации и уметнички изрази.
Мотив плус да создадеме програма која ги обединува врвните уметници и различни уметнички области, со цел да понудиме квалитетна и разновидна фестивалска содржина.
Фестивалско издание го започнуваме на 12 јули на сцената на Античкиот театар со гала концертот насловен како „Љубов“ – симболично избрана тема што ја претставува суштината на уметноста и на човечкото постоење. Љубовта е онаа што создава, што инспирира и што нè поврзува, без разлика на граници, јазици или времиња. Љубовта е најсилното чувство кое ги обединува луѓето, културите и времињата.
Особена чест ни е што ова Свечено отворање го доверуваме на уметници од врвот на светската оперска елита. Под диригентската палка на маестро Марко Боеми од Италија, со настап на големата оперска дива Ермонела Јахо од Албанија и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од Соединетите Американски Држави, во придружба на Оркестарот на Националната опера, ќе ја почувствуваме моќта на музиката во нејзината највозвишена форма.
Како директор на фестивалот, чувствувам особена одговорност, но и привилегија, да бидам дел од приказната што веќе со децении ја гради духовната и културната мапа на нашата земја и пошироко. „Охридско лето“ не е само фестивал — тоа е традиција, вредност и мост што ги поврзува културите, народите и генерациите, рече Цуцковски.
Особено сум горд, посочи тој, што минатогодишното издание на „Охридско лето“ беше обележано со рекордна посетеност и рекордна продажба на билети во последните 10 години, што претставува јасен показател за довербата во квалитетот на фестивалската програма.
Над 10.000 посетители беа дел од гледалиштата на шеесет и петтото издание на музичко-сценската манифестација „Охридско лето“. Според евиденцијата на купени влезници имаше публика од над 30 држави од сите континенти. Овие резултати не се значајни само за фестивалот, туку имаат и пошироко влијание врз развојот на туризмот, придонесувајќи за зголемена посетеност на градот како и дополнителна промоција на Охрид како атрактивна културна и туристичка дестинација.
Охрабрени од постигнатите резултати и довербата на публиката, оваа година влегуваме со уште поголема одговорност и амбиција да ги надминеме досегашните успеси. Убедени сме дека со квалитетната програма и заедничката посветеност, и ова издание на „Охридско лето“ ќе остави силен печат во културниот живот и ќе даде значаен придонес во развојот на туризмот и промоцијата на нашата држава, подвлече Цуцковски.
Во текот на фестивалските денови, публиката ќе има можност да проследи богата и разновидна програма составена од врвни музички, драмски и балетски остварувања. На програмата се предвидени бројни концерти на реномирани солисти и ансамбли од Европа и светот, како и премиери на театарски претстави од домашни и странски продукции.
Ова лето на сцените на фестивалот ќе настапат светски афирмирани уметници како пијанистот Александер Мелников, виолинистот Стефан Миленковиќ, пијанистката Исата Кане-Мејсон, Ана и Игор Дурлоски, како и истакнатиот пијанист Вадим Холоденко. Фестивалската публика ќе има можност да ужива и во настапите на бројни камерни ансамбли и оркестри од Европа и светот, како и престижната регионална Загребска филхармонија под диригентската палка на Давид Рунц, која доаѓа во полн состав со 70 изведувачи на сцена.
За првпат фестивалот ќе биде домаќин на два интернационални симфониски оркестри, меѓу кои и кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“, препознатлив по своите динамични настапи и уметничка впечатливост.
Драмската програма и оваа година зазема значајно место во фестивалската понуда. Публиката ќе има можност да проследи повеќе премиерни и гостински театарски продукции, меѓу кои премиерата на претставата „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски, претставата „Кориолајн“ од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел, театарската претстава „Уна“ по текст на Момо Капор, во режија на Дејан Пројковски, продукција Ѕвездара театар од Србија, како и „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Дејан Пројковски, еден од најочекуваните театарски настани кој премиерно ќе биде изведен на Свеченото затворање на фестивалот.
На барање на публиката, по успешната џез-вечер минатата година, на сцената на Долни Сарај ќе се реализира програмата „OH JAZZ“ (Охрид џез), во чии рамки се предвидени 4 спектакуларни џез вечери со учество на врвни домашни и странски музичари, меѓу кои светската џез-ѕвезда Нубаја Гарсија, резидент артистот Петер Сомуа, Крсте Роџевски, како и настапот на Националниот џез оркестар на Македонија.
Со вакви високи квалитативни уметници овие џез-вечери ќе влезат на мапата на едни од најатрактивните џез понуди во регионот па и пошироко.
Фестивалот ја продолжува и развива дипломатската соработка со Амбасадите за што упатуваме огромна благодарност за нивната посветеност и амбиција да бидат дел од истиот.
Во рамките на програмата ќе се одржат и значајни јубилејни настани, меѓу кои и одбележувањето на 100 години од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ, со промоција на монографија посветена на нејзиниот лик и дело.
Фестивалот ќе ги отвори своите сцени и за младите уметници, преку програмите „Rising stars“ и „Подиум на млади“, со што продолжуваме да ја поддржуваме новата генерација таленти и нивниот уметнички развој.
Со ваква разновидна и внимателно селектирана програма, фестивалот оваа година опфаќа вкупно 48 настани, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји од Европа и светот, што дополнително ја потврдува неговата меѓународната димензија и позиција на културната мапа.
Со особена гордост најавувам дека од денес започнува и онлајн продажбата на билети за фестивалските настани, со што на публиката ѝ се овозможува поедноставен, побрз и современ начин на пристап до програмата како во нашата земја, така и интернационално, заврши Цуцковски, кој се заблагодари на целиот тим на „Охридско лето“, музичкиот селектор Симона Ѓорчева и драмскиот селектор Ненад Витанов, како и на министерот на култура и туризам, Зоран Љутков, покровителот-Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и целиот дипломатски кор и Општина Охрид, истакна Цуцковски.
На прес-конференцијата се обрати и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој осврнувајќи се на содржините од програмата за претстојното 66. издание на најреномираната и најпрестижна меѓународна културна манифестација – Фестивалот „Охридско лето“, рече дека станува збор за програма која внимателно ги спојува традицијата и современите уметнички текови, нудејќи доживување достојно за угледот на Фестивалот кој над шест децении претставува симбол на уметничкиот и културен континуитет, афирмирајќи ја нашата земја како значајна дестинација на светската културна мапа.

„Охридско лето“ не е само сцена, тоа е сведоштво за нашата посветеност кон културата како двигател на општествениот развој и како вредност што не обединува.
Годинава, програмата што ја подготвија селекторите нуди исклучително богат и разновиден репертоар. Ќе имаме можност да проследиме настапи на врвни домашни и светски уметници од областа на музиката, театарот и сценските уметности. Посебен акцент е ставен на квалитетот, иновативноста и внимателно конципираната програмска целина.
Фестивалот и оваа година ќе ги оживее најубавите сцени во Охрид: Античкиот театар, црквата „Света Софија“ и други уникатни простори кои самите по себе се дел од културното наследство. Токму таа синергија меѓу уметноста и амбиентот го прави „Охридско лето“ неповторливо доживување.
И токму таму каде што каменот памети векови, а уметноста зборува без превод, на сцената на Античкиот театар, новото фестивалско поглавје ќе биде означено со гала-концертот „Љубов“.
Ние, како Министерство, остануваме силно посветени на поддршката на вакви настани кои ја афирмираат нашата култура на меѓународната сцена, но и го развиваат културниот туризам како важен сегмент од националната економија. Веруваме дека културата не само што ја раскажува нашата приказна, туку и ја обликува нашата иднина.
Убеден сум дека и ова 66-то издание ќе биде достојно продолжение на богатата традиција на Фестивалот и ќе остави силен впечаток кај публиката, уметниците и сите посетители, рече Љутков.
| 1 | 12.7.2026 | 21:00 | Aнтички театар | Свечено отворање на „Охридско лето“ 2026„Љубов“ гала концертМарко Боеми, диригент – ИталијаЕрмонела Јахо, сопран – АлбанијаЧарлс Кастроново, тенор – САДМакедонска опера и балет |
| 2 | 13.7.2026 | 21:00 | Центар за култура „Григор Прличев“ | Премиера на театарска претстава „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија на Иван Поповски, во продукција на Здружение Театарот на еден актер – Македонија |
| 3 | 14.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Александер Мелников, пијано -Русија/Германија |
| 4 | 15.7.2026 | 20:00 | Долни Сарај | Симфониски оркестар „Нингбо“ – КинаАбзал Мукхитдинов, диригент – Казахстан |
| 5 | 15.7.2026 | 21:30 | Предворје на Црква Св. Софија | Премиера на театарската претстава „Кориолајн“ од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел во продукција на Битолски театар – Македонија |
| 6 | 16.7.2026 | 21:00 | Црква Св. Софија | Алиса Садикова, харфа – Русија/САД |
| 7 | 17.7.2026 | 21:00 | Предворје на Св. Софија | „Митот за Амазонките“ режија и кореографија Артемис Игнатиу – ГрцијаБалет |
| 8 | 18.7.2026 | 21:00 | Долни Сарај | Ана и Игор Дурловски и Оркестар Ајга – Македонија |
| 9 | 19.7.2026 | 20:00 | Центар за култура „Григор Прличев“ | Театарска претстава „Која е Лорет“ од Флоранс Кадије во режија на Драгана Милошевски во продукција на Театар за деца и младинци Скопје – Македонија |
| 10 | 20.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Rising starsГорјана Стојановска, пијано – Македонија |
| 11 | 21.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | „Алумни“ Концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност „Св. Кирил и Методиј“ Скопје -Македонија |
| 12 | 22.7.2026 | 21:00 | Долни Сарај | Балетска претстава „ Кармен свита и Болеро“ Бизе / Равел во изведба на „Мадленианум“ Опера и театар – Србија |
| 13 | 23.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Камерен оркестар на НОББисера Чадловска, диригент- Македонија |
| 14 | 24.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Австриска вечерПијано дуо Маки Намекава – Јапонија/АвстријаДенис Расел Дeјвис – САД/ Австрија |
| 15 | 25.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Шпанска вечерВибрарт Трио – ШпанијаХуан Перез Флористан, пијаноФернандо Ариас Фернандез, виолончелоМигуел Колом Куеста, виолина |
| 16 | 26.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Британска вечерИсата Кане-Мејсон, пијано – В. Британија |
| 17 | 27.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Ансамбл „Алтус“ – Македонија |
| 18 | 28.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Музичка Младина на МакедонијаПодиум на млади – Македонија |
| 19 | 29.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Италијанска вечерКристиана Пегораро, пијано – Италија |
| 20 | 30.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Француска вечерKвартет „Ерме“ – ФранцијаОмер Буше, виолинаЕлисе Лиу, виолинаЛоу Јунг Хсин Чанг, виолаЈан Левионоа, виолончело |
| 21 | 31.7.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Сигнум квартет – Словенија/ГерманијаМихал Кнот, сопран саксофонЈакопо Тадеи, алт саксофонАлан Лужар, тенор саксофонЕдоардо Зоти, баритон саксофон |
| 22 | 1.8.2026 | 21:00 | Црква Св. Софија | „Внатрешен глас на виолончелото ивиолината“НУ Камерен Оркестар на БитолаЕмил Ровнер,виолончело – АвстријаСимон Поповски,виолина – МакедонијаЕвгени Шчербаков,диригент – Канада |
| 23 | 3.8.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Вадим Холоденко, пијано – Украина |
| 24 | 4.8. 2026 | 18:00 | Црква Св. Софија | Промоција на монографијата„Ана Липша-Тофовиќ“ посветена наликот и делото на големата оперскапримадона, основоположник наМакедонската опера и основоположникна фестивалот „Охридско лето“, во честна јубилејот – 100 години од нејзинотораѓање.Автори: м-р Снежана АнастасоваЧадиковска и д-р Александар Трајковски |
| 25 | 4.8.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Роденден на фестивалотМајан Лихт, контратенор сопранист – ИзраелПшемек Виницки, пијано – Полска |
| 26 | 5.8.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Холандска вечер Ниек Бар, виолина – ХоландијаБен Ким, пијано – Холандија |
| 27 | 6.8.2026 | 21:00 | Предворје на црква Св. Софија | Candlelight concertПрофундис ансамбл – Македонија Стефан Миленковиќ, виолина – Србија |
| 28 | 7.8.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Грчка вечерЕдгар Моро, виолончело – ФранцијаТеодосија Нтоку, пијано – Грција |
| 29 | 8.8.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Ренесансен хорГотик Војсис – Велика БританијаКетрин Кинг, мецосопранСтивен Харолд, тенорЏулијан Поџер, тенорСимон Вајтли, баритон |
| 30 | 9.8.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | ЕУ вечерLast Rose of SummerДејвид Тобин, виолина – ИрскаФингин Колинс, пијано – ИрскаЈохана Кезеи, флејта – Унгарија/Ирска |
| 31 | 10.8.2026 | 20:00 | Црква Св. Софија | Rising starsKимера трио – ИталијаМарта Черета, пијаноСтефано Ракањи, виолинаЏорџо Лукини, виолончело |
| 32 | 10.8.2026 | 21:30 | Долни Сарај | Загрепска филхармонија – ХрватскаДавид Рунц , диригент |
| 33 | 11.8.2026 | 21:00 | Црква Св. Софија | Вечер на барокна музикаВладимир Костов, виолина – МакедонијаЦветанка Созовска, чембало – Македонија/Холандија |
| 34 | 12.8.2026 | 21:00 | Црква Св.Софија | Сонг Сихенг, пијано – Кина |
| 35 | 13.8.2026 | 21:00 | Црква Св. Софија | OH JAZZ ЏЕЗ вечерОртодоксија каи танатосКристо Роџевски – САД / Македонија |
| 36 | 14.8.2026 | 21:00 | Долни Сарај | OH JAZZ ЏЕЗ вечерНационален џез оркестар – МакедонијаПетер Сомуа – Гана |
| 37 | 15.8.2026 | 21:00 | Долни Сарај | OH JAZZ ЏЕЗ вечерНубаја Гарсија – Велика БританијаПетер Сомуа Бенд – Холандија/Германија |
| 38 | 16.8.2026 | 21:00 | Долни Сарај | OH JAZZ ЏЕЗ вечерБалкански џез проект |
| 39 | 16.8.2026 | 21:00 | Центар за култура „Григор Прличев“ | Театарска претстава „Уна“ по текст на Момо Капор, во режија на Дејан Пројковски, во продукција на Ѕвездара театар – Србија |
| 40 | 17.8.2026 | 17:00 | Црква Св. Софија | Емилио Перцан – Македонија |
| 41 | 17.8.2026 | 21:00 | Црква Св. Софија | Западен Балкански младински оркестарПодиум на млади |
| 42 | 18.8.2026 | 21:00 | Црква Св. Софија | Унгарска вечерНоеми Селаи, клаинет УнгаријаАлександра Балог, пијано Унгарија |
| 43 | 19.8.2026 | 21:00 | Црква Св. Софија | Полска вечерГлам квартет – ПолскаСтен Брeкенриџ, пијано – САД |
| 44 | 20.8.2026 | 21:00 | Центар за култура „Григор Прличев“ | Свечено затворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“Премиера на театарската претстава „Буре барут“ од Дејан Дуковски,во режија на Дејан Пројковски, во продукција на МНТ – Македонија |

Македонски



