
Со пригодна изложба и сеќавање на нејзиното богато книжевно творештво, НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола го одбележува јубилејот, 90 години од раѓањето на една од најзначајните македонски писателки, Оливера Николова.
Родена на 11 март 1936 година во Скопје, Николова остави длабока трага во македонската литература, создавајќи повеќе од шест децении дела за деца и возрасни. Нејзиното творештво се вбројува меѓу најчитаните и највлијателните во современата македонска проза, а многу генерации израснаа со нејзините книги.
По повод јубилејот, во библиотеката е поставена изложба на дел од нејзините книги, кои сведочат за богатото книжевно наследство и за живот исполнет со идеи, мисли и инспирација. Со ова одбележување се оддава почит на авторка која со својот талент, скромност и посветеност остави трајно културно наследство.

Македонски

