
На овогодишниот Саем на книгата, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) по десетти пат ќе ги додели своите награди, односно признанија за најголемите достигнувања во областа на издаваштвото во периодот меѓу двата саема – ланскиот и саемот оваа година. Свеченото доделување на наградите на МАИ ќе биде на 24 април (петок) во 13 часот, во Промо центарот на Саемот на книгата.
Тројцата членови на жири-комисијата задолжена за оценување на пристигнатите апликации се: Кристина Н. Николовска, книжевничка и професорка на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Александра Јуруковска, книжевна критичарка и поранешна долгогодишна новинарка за култура и Лазе Трипков, графички дизајнер, мултимедијален уметник и професор на Факултетот за уметност и дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет.

Македонски


