Skip to main content

На 9-ти јули почнува фестивалот „Звукот на Скопје“

На 9 јули, срцето на градот повторно ќе пулсира во ритамот на добрата музика со летниот музички open air фестивал „Звукот на Скопје“, во организација на Културно информативен центар – Скопје.

Фестивалот, кој стана препознатлив симбол на урбаната културна сцена, ги обединува љубителите на различни музички жанрови и уметноста и им нуди незаборавно искуство под отворено небо. „Звукот на Скопје“ не е само фестивал – тоа е културен настан што ги слави музиката, уметноста и духот на градот.

Оваа година (со малку изменет термин), на сцената повторно ќе настапат свежи домашни музичари, кои со својот уникатен звук ќе создадат вистинска магија на летната вечер.

Како и минатата година, како концертен простор во игра повторно се Куларк (пред КИЦ) и Салон 19:19, а во галериите ќе можете да проследите изложби.

Поврзани вести