Skip to main content

На 20 декември Скопје ќе биде сведок на музички спектакл: 25 години уметничка кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост.

Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО“ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.

Концертот ќе вклучи комбинација на различни композитори, ќе изведам едно дело кое многу ми е мило -станува збор за „Шпанска рапсодија“ кое ќе биде премиерно изведено во Македонија. Овој пат ќе има проширен број на учесници и му благодарам на маестро Сашо Татарчевски кој се одзва на мојата покана да ја делиме сцената на 20 декември. Многу се радувам што ќе ја сподеиме љубовта, страста кон музиката со сите колеги кои ќе бидат на сцена, вели Трпчески.

По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски“, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење.

Поврзани вести