Skip to main content

Мустафа Имери: По концертот во Градскиот парк, Македонската филхармонија на 30 јули гостува во Солун, а на 12 јули ќе настапи на отворањето на „Охридско лето“

Со концертот во Градскиот парк на 13 јуни, Македонската филхармонија ќе го заокружи официјалниот дел од оваа концертна сезина.

По овој концерт, следува гостувањето на Македонската филхармонија во Солун, на 30 јуни, каде заедно со музичарите од Софиската и Солунската филхармонија уште еднаш ќе биде изведен заедничкиот проект – музичко –сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф која премиерно беше изведена во Софија во феврурари, годинава. Се надевам дека ќе можеме да ја повториме оваа нашата заедничка изведба и во Скопје. По концертот во Солун, оркестарот ќе настапи на отворањето на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули со пијанистката Клер Хуангчи и диригентот Едвин Оутвотер од САД – најави директорот Мустафа Имери на денешната прес конференција.

Поврзани вести